• понеделник, 23 декември 2024

Викендов 151 новозаболен од КОВИД-19, тројца починати и 194 оздравени

Викендов 151 новозаболен од КОВИД-19, тројца починати и 194 оздравени
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) - Во последните три дена од направени 2.335 тестови регистрирани се 151 нов случај на КОВИД-19, од кои 29 се реинфекции, едно починато лице и 194 оздравени пациенти, а дополнително преку Мој Термин се пријавени уште две починати лица, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новозаболените 109 се од Скопје, по што следат Штип со девет, Битола и Охрид – по пет, Куманово, Прилеп и Велес – по три, Тетово и Свети Николе – по две, Кавадарци, Гостивар, Струмица, Кичево, Кочани, Струга, Неготино, Ресен, Крива Паланка и Берово – по еден. Најголем дел од оздравените пациенти – 134 се од Скопје, од Битола се 10, Охрид и Ресен – по 7, Штип – 6, Куманово, Тетово и Берово – по 4, Кавадарци, Велес, Кичево и Свети Николе – по 3, Прилеп и Струга – по 2, Струмица и Дебар – по 1. Во текот на изминатите три дена (од 27.05 до 29.05.2022) пријавено е едно починато лице од Прилеп (97г) починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (72г) и Битола (85г), едно лице е починато во болнички услови, а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 03.05.2022- 19.05.2022 година. Досега во земјата се направени вкупно 2.053.343 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.851, бројот на оздравени пациенти е 302 013, на починати е 9 303, а бројот на активни случаи изнесува 535. Најмногу активни случаи 369 има Скопје, по што следат Битола со 51, Штип со 24 Охрид со 19 и Прилеп со 10, додека во осум градови воопшто нема заболени.вј/лв/

Остани поврзан