Викендов се игра второто коло од Првата машка фудбалска лига
- Второто коло од Првата машка фудбалска лига ќе се одигра в недела.

Скопје, 13 август 2021 (МИА) - Второто коло од Првата машка фудбалска лига ќе се одигра в недела.
Во претстојното коло има шест натпревари од кои пет започнуваат во 17 часот, а еден во 20 часот.
Натпреварот што ќе се игра под рефлектори, односно од 20 часот, е Академија Пандев - Работнички.
Останатите натпревари кои ќе се играат в недела од 17 часот се следните: Струга Трим Лум - Пелистер Шкупи - Македонија Ѓорче Петров Скопје - Брегалница Шкендија - Ренова Борец - Тиквеш. ар/рп/