• сабота, 27 јули 2024

Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме

Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме

Скопје, 15 мај 2024 (МИА) - Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).

Како што најавуваат од Управата за хидометеоролошки работи, во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме. сст/дма/

фото МИА архива

Остани поврзан