Викендов почнува последниот трет круг во ,ПМФЛ
- Третиот, завршен круг натпревари во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе стартува овој викенд со натпреварите од 23 коло.

Скопје, 7 март 2025 (МИА) – Третиот, завршен круг натпревари во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе стартува овој викенд со натпреварите од 23 коло.
Пет натпревари се на програмата в недела од 14 часот кога лидерот Шкендија ќе го пречека Пелистер, а второпласираниот Гостивар на домашен терен ќе игра против Брера Струмица.
Вардар му гостува на Силекс, Струга ја пречекува Воска, додека Шкупи пред своите гледачи ќе игра против Беса.
Прволигашкото коло ќе биде комплетирано в понеделник во истиот термин со дуелот меѓу Работнички и Тиквеш.
ПМФЛ, 23 коло:
Недела
Шкендија – Пелистер (14 часот)
Гостивар – Брера Струмица (14 часот)
Силекс – Вардар (14 часот)
Струга – Воска (14 часот)
Шкупи – Беса (14 часот)
Понеделник
Работнички – Тиквеш (14 часот)
Табела: Шкендија 46, Силекс 44, Гостивар 43, Работнички 41, Струга 35, Шкупи 32, Пелистер 26, Вардар 20, Брера Струмица 20, Тиквеш 18, Воска 18, Беса 15. ег
ФОТО: ФФМ