• петок, 22 ноември 2024

Виз Ер ги прекина летовите кон Милано, Тревизо и Бергамо

Виз Ер ги прекина летовите кон Милано, Тревизо и Бергамо
Будимпешта, 8 март 2020 (МИА) - Унгарската нискобуџетна авиокомпанија Виз Ер ги прекина летовите кон Милано, Тревизо и Бергамо поради епидемијата на Ковид-19 и карантинот во северна Италија, кој ќе трае до 3 април. Во меѓувреме, операторот со аеродромот во Будимпешта соопшти дека Меѓународниот аеродром „Лист Ференц“ од утре нема да прима летови од Милано, Бергамо или Тревизо. јт/

Остани поврзан