• вторник, 25 март 2025

„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот

„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - Со аплауз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на вечерашниот марш, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје, ги поздравија медицинските работници. Претходно, пред Собранието упатија повеќе пораки и го исвиркаа.  Скандираа: „Убијци“, „Системот е следен“,„Доста беше смрт", „Секој еден, може да е следен"...

Протестниот марш моментно минува покрај хотелот „Холидеј ин“ од каде преку мостот „Филип Втори“ и булеварот „Гоце Делчев“ треба да пристигне до Владата, каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори.  мч/аа/

Фото: МИА 

 

 

 

Остани поврзан