• недела, 29 декември 2024

Видиќ ќе го предводи Пелистер до крајот на плејофот

Видиќ ќе го предводи Пелистер до крајот на плејофот
Битола, 24 мај 2021 (МИА) – Српскиот тренер Небојша Видиќ ќе го предводи Пелистер во завршниците од македонскиот кошаркарски шампионат. Раководството на битолчани на ваков чекор се одлучи пред полуфиналните пресметки со МЗТ Скопје Аеродром. Сепак, ова не значи дека клубот ја заврши соработката со тренерот Марјан Илиевски. - Видиќ е само привремено решение поради здравствените проблеми на Илиевски. Му посакуваме на Илиевски брзо закрепнување и повторно да биде со нас на подготовките за следната сезона, соопштија од КК Пелистер. Видиќ изминатите неколку години работеше во Исланд, Русија и Бугарија. Првиот меч од полуфиналната серија од плејофот Пелистер со МЗТ Скопје ќе го игра в среда на домашен терен. зс/

Остани поврзан