• понеделник, 23 декември 2024

Вељановски: Одлука за времено финансирање на општина Карпош нема, иако буџетот е изгласан на 9 јануари

Вељановски: Одлука за времено финансирање на општина Карпош нема, иако буџетот е изгласан на 9 јануари

Скопје, 10 јануари 2024

Бруталното насилство и кршењето на законите во Општина Карпош продолжува.

На четвртото продолжение на 37-мата седница на Советот на Општина Карпош одржана на 4 јануари 2024 година беше „донесена“ Одлука за реализација на Буџетот на општина Карпош за 2024 година со што брутално беа погазени Законот за локална самоуправа, Статутот на општината и Деловникот за работа на  Советот на Општина Карпош. Вчера, во доцните попладневни часови во Службениот гласник бр.1/2024 на општината беа објавени „одлуките“ донесени на оваа седница, со што се отвора патот за нивно спроведување и легитимирање пред останатите институции на државата.
Предупредуваме дека овие „одлуки“ не се легитимни затоа што се донесени со прекршување на процедурите.

Последната пречка за вчитување и отпочнување со реализација на одлуката за Буџет на Општина Карпош за 2024 е Министерството за финансии на кое му посочуваме:

1. Советот на Општина Карпош до 31 декември не го изгласа Буџетот на општината и тој не беше донесен. Одлука на Советот на Општина Карпош за времено финансирање на општината нема. Бидејќи Одлуката за реализација на Буџет насилно е донесена на 4 јануари 2024, објавена на 9 јануари, а е со важност ретроактивно од 1 јануари 2024 година, дали и како, согласно закон, ќе бидат оправдани и покриени деновите од 1 до 9 јануари 2024?!
2. Дали Одлука за реализација на Буџет која е донесена на 4 јануари 2024, објавена на 9 јануари, а е со важност ретроактивно од 1 јануари 2024 година е легална и легитимна?
3. Дали потписник на Одлуката може да биде претседавач со Советот, наместо актуелниот, легитимно избран Претседател на Советот на Општина Карпош?
4. Дали со ова не е прекршен Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа?

Посочуваме дека за секоја незаконски донесена одлука за многу брзо време ќе има одговорност. Замижувањето пред флагрантното кршење на Законите во Република Македонија мора да престане.
Ние, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија нема да отстапиме пред насилничките методи и дејствија на Јакимовски, урбаната мафија и нивните приврзоци СДС и Левица и бараме доследно спроведување на позитивните законски прописи.

 

Интегрален текст од изјава за медиуми - Роберт Вељановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Карпош

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан