• понеделник, 23 декември 2024

„Вечното танго на Астор Пјацола“ - мултимедијална групна изложба во Галерија „КО-РА“

„Вечното танго на Астор Пјацола“ - мултимедијална групна изложба во Галерија „КО-РА“
Скопје, 12 февруари 2022 (МИА) - Во големиот салон на Галерија „КО-РА“ вечер ќе биде отворена традиционалната мултимедијална групна изложба посветена на „Вечното танго на љубовта“ и славниот композитор Астор Пјацола.
И оваа година Галерија „КО-РА“ , како што најавуваат оттаму, ќе се придружи во одбележувањето на Денот на вљубените, во прослава на љубовта, виното, но оваа година воедно одбележувајќи го големиот јубилеј -100 годишнината на Астор Плацола, на славниот композитор од „златниот период“ на аргентинското танго кое продолжува да го восхитува и здружува светот обединувајќи ги генерациите и уметностите, во речиси сите сфери на уметноста.
Од Домот на култура „Кочо Рацин“ - Скопје информираат дека со мултимедијална изложба која обединува со години наназад дела инспирирани од славните танга „Tango Oblivion“, „Tango Jealousies“, „Tango Nuevo“, „Liber Tango“... настанати во најразлични техники и медиуми во големиот салон на Галерија „КО-РА“ реализирани се бројни мултимедијални изложби кои здружуваа боја, форма, музика, гест, звук, танц, проекција, филмски остварувања, слики, скулптури, графики, фотографии, видео остварувања, инсталации, просторни интервенции, светлосни инсталации во фоајето и салоните на галеријата со учество на бројни уметници.
-Изложбите со години наназад беа проследени и со инспиративната музиката на Пјацола и со бројни танц перформанси со учество на членовите од Студиото за танц „Фамилија Тангови“.
Оваа година помеѓу учесниците се: Пол Ванг и Рон Мајерс од САД, м-р Моника Радхоф Трол од Германија, м-р Петра Јовановска (Чешка), Анели ди Франис од Финска, Северине Бургерс од Белгија, Дубравко Наумов од Канада, Анна Мозговаја од Украина, Виктор Бранѓолица од Р.Хрватска, како и уметниците од Р.С.Македонија: м-р Марија Светиева, од м-р Билјана Билбилоска, м-р Наталија Пулејкова, м-р Маја Танева, м-р Валентина Илијевска, м-р Шќипе Мехмети, Риџет Ферати, м-р Игор Поп Тајков, Ацо Таневски и Светлана Пецакова, Ангелца Стоиљковиќ, Љубе Алексовски,Стефан Димовски, Анита Огњановска,Славица Таневска, Маја Николовска, Ленче Коцевска, Андријана Андреева /Ано Соро, Ванѓа Радевска......, стои во најавата. Куратор на изложбата е Виолета Калиќ, историчар на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во  Домот на култура „Кочо Рацин“ - Скопје.фф/лв/

Остани поврзан