• понеделник, 23 декември 2024

Вечер почнува триесеттото, јубилејно, издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Вечер почнува триесеттото, јубилејно, издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“
Струмица, 8 септември 2022 (МИА) -Триесеттото, јубилејно, издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се девет остварувања, седум од земјава и две од странство, Бугарија и Косово. Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“, варијација на драмата на Мирослав Крлежа во режија и адаптација на Бранко Брезовац, а Фестивалот свечено ќе биде отворен со изложба на фотографии од досегашните 29 лауерати. -Годинава имаме богата програма, девет претстави во конкуренција и една балетска претстава за затворањето и во чест на наградениот актер за највисоко остварување. Имаме претстави од театрите од Битола, Прилеп, Скопје,Велес, неколку независни продукции, како и гостувања од Бугарија и Косово и една копродукциска претстава. Се надевам дека понудената програма ќе предизвика интерес кај публиката, а сите претстави ќе се одиграат во Центарот за култура „Антон Панов“, рече директорот на Фестивалот, Ванчо Ристов Патриков. Во конкуренција за единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, која се состои од зладен медалјон со ликот на Шишков и парична награда од 1.500 евра, се триесетина актери. Жирото ќе го предводи ланската лауретка, актерката Ѕвездана Ангеловска и актерите Нико Горшиќ и Петар Арсовски. Фестивалот се одржува од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица. рт/дма/

Остани поврзан