• петок, 05 декември 2025

Вечер започнуваат 30-тите ,,Голачки фолклорни средби”

Вечер започнуваат 30-тите ,,Голачки фолклорни средби”

Делчево, 7 август 2025 (МИА) - Со свечена програма и учество на фолклорни ансамбли од земјата и странство, вечерва во Делчево започнуваат јубилејните Голачки фолклорни средби 2025, кои годинава одбележуваат 30 години од основањето на манифестацијата. Настанот ќе се одржи на 7 и 8 август на летната сцена при Спомен Домот АСНОМ во Делчево, во организација на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, со поддршка од Министерството за култура и Општина Делчево. 

Манифестацијата почнува со свечено дефиле низ централното градско подрачје во 19:30 часот, по што во 20:00 часот ќе следи целовечерен концерт со настап на фолклорната група при НУЦК „Никола Ј. Вапцаров“ од Делчево, КУД „Радоје Домановиќ“ од Рача, Србија, БКУД „Бехар“ од Маоча, Босна и Херцеговина, ВПГ „Грамостењ“ од Скопје и ЖПГ „Ѓурѓа“. 

Втората фестивалска вечер, на 8 август, ќе продолжи со ново свечено дефиле во 19:30 часот, а од 20:00 часот ќе се одржат настапи на фолклорни ансамбли од Македонија и од странство. 

Под мотото „Традицијата не згаснува – таа продолжува со вас!“ организаторите ги повикуваат сите љубители на традиционалната музика, песни и игри да бидат дел од настанот. вс/сст/

Фото: НУ Центар за култура „Н.Ј.Вапцаров“ Делчево

Остани поврзан