• четврток, 26 март 2026

Вечерва завршува AERO Street Food Festival

Вечерва завршува AERO Street Food Festival

Скопје, 8 септември 2025 (МИА) - Во паркот „Авионче“ во Општина Аеродром вечерва ќе заврши првото издание на AERO Street Food Festival.

На вечерашната празнична вечер, како што соопшти Општина Аеродром, љубителите на добра храна и урбана забава ќе можат да ги слушнат и настапите на Southpark, Dj Foodieman, Dj Ficho и други активности што ќе го заокружат фестивалот. 

- Во изминатите три дена, илјадници посетители уживаа во специјалитети од најпознатите брендови за улична храна, во музички настапи и забавни предизвици кои го раздвижија Скопје. Фестивалот се покажа како вистинска атракција за сите генерации и потврди дека ваков настан одамна му недостасуваше на овој дел од Скопје. Денеска сите љубители на добрата храна и урбаната забава имаат уште една можност да бидат дел од овој единствен гастро спектакл, информираат од Општина Аеродром.

Фестивалот се реализира со поддршка на Општина Аеродром. фф/бак/

Фото: Општина Аеродром

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан