• петок, 05 декември 2025

Вест Хем одби 50 милиони фунти од Тотенхем за Кудус

Вест Хем одби 50 милиони фунти од Тотенхем за Кудус

 

Лондон, 6 јули 2025 (МИА) – Голем број клубови се заинтересирани да го ангажираат ова лето репрезентативецот на Гана, Мохамед Кудус, но лондонски Вест Хем досега ги отфрли сите понуди, вклучувајќи ја и последната од Тотенхем во износ од 50 милиони фунти.

Сепак, како што јавуваат денеска англиските медиуми, вратата за евентуално заминување на Кудус не е затворена, а до Вест Хем пристигнуваат многу понуди.

Според добро информирани извори, најмалку шест елитни клубови се распрашувале изминатите неколку недели околу можноста за трансфер на Кудус, објави Би-Би-Си. Меѓу нив е и градскиот ривал на Вест Хем, Челзи.

Кудус се приклучи на Вест Хем од Ајакс во 2023 година за 38 милиони фунти, а неговиот договор со клубот од Лондон, што има важност до лето 2028 година, вклучува откупна клаузула од 85 милиони фунти.

Изминатите две сезони, Кудус одигра 65 натпревари во Премиер лигата во дресот на Вест Хем и постигна 13 голови, а додаде и 12 асистенции. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан