• сабота, 22 јуни 2024

Вест Хем е заинтересиран за Геце

Вест Хем е заинтересиран за Геце
Лондон, 1 септември 2020 (МИА) - Играчот за врска Марио Геце може да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, пренесува „Дејли Експрес“. Според британскиот медиум, Вест Хем е заинтересиран за 28-годишниот Германец. Објавено е дека англискиот клуб смета дека Геце покрај средниот ред ќе биде и добра опција за засилување на нападот. Во сезоната 2019/20, Геце одигра 21 натпревар за Борусија Дортмунд, постигна три гола и една асистенција. Бундеслигашот не го продолжи договорот со фудбалерот на крајот на сезоната. зс/

Остани поврзан