• вторник, 09 април 2024

Вестагер: ЕУ и САД ќе изготват кодекс на однесување со вештачка интелигенција

Вестагер: ЕУ и САД ќе изготват кодекс на однесување со вештачка интелигенција

Брисел, 31 мај 2023 (МИА) – Еврокомесарката за конкуренција Маргрете Вестагер изјави дека верува оти нацрт кодексот за однесување на генеративната вештачка интелигенција може да биде изготвен „во текот на следните недели“, а договорот да биде потпишан „многу, многу скоро“.

Вестагер, која е потпретседателка на Европската комисија, на прес-конференција по состанокот на Советот за трговија и технологија на ЕУ-САД истакна дека генеративната вештачка интелигенција целосно ја менува играта.

Сите знаат дека ова е следната моќна работа. Така, во текот на следните недели ќе го унапредиме нацрт кодексот на однесување со вештачка интелигенција, посочи Вестагер. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан