• сабота, 22 јуни 2024

Веспрем по петти пат го освои трофејот во СЕХА

Веспрем по петти пат го освои трофејот во СЕХА
Задар, 4 септември 2022 (МИА) – Ракометарите на Веспрем се победници на завршниот „Ф4“ турнир во Задар кој се играше од петок до вечерва. Унгарскиот тим во финалето го победи ППД Загреб со 32:30 иако на полувремето губеше со 13:19. Ова е вкупно петти трофеј за Веспрем во регионалната СЕХА-лига по што се израмни со Вардар по бројот на титулите. Загреб остана на само еден трофеј во 11 изданија на регионалното натпреварување. Претходно, во мечот за третото место, македонскиот претставник Еурофарм Пелистер го победи Нексе со 27:23. зс/

Остани поврзан