• среда, 15 мај 2024

Верстапен ќе стартува прв во последната трка од сезоната 2022 во Формула 1

Верстапен ќе стартува прв во последната трка од сезоната 2022 во Формула 1
Абу Даби, 20 ноември 2022 (МИА) – Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), кој уште претходно сезонава ја обезбеди својата втора титула светски првак во Формула 1, денес ќе стартува од пол-позицијата во последната трка оваа година за Големата награда на Абу Даби. За Верстапен ова е 20. пол – позиција во кариерата до која дојде со 0.228 секунди предност во однос на клупскиот колега, Мексиканецот Серхио Перез, додека од третата позиција ќе стартува Шарл Леклер од Ферари. Стартот на денешната трка за Големата награда на Абу Даби е закажан за во 14 часот. зс/

Остани поврзан