Верстапен ја освои Големата награда на Емилија-Ромања
- Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на втората трка во шампионатот во Формула 1 возена попладнево за Гран при на Емилија-Ромања во Имола.

Имола, 18 април 2021 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на втората трка во шампионатот во Формула 1 возена попладнево за Гран при на Емилија-Ромања во Имола.
Второто место му припадна на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон. Трет беше Ландо Норис од Мекларен.
Бодови уште освоија: Шарл Леклер и Карлос Саинц од Ферари, Даниел Рикардо од Мекларен, Ленс Строл од Астон Мартин, Пјер Гасли од АлфаТаури, Кими Раиконен од Алфа Ромео и Естебан Окон од Алпин.
По две трки, во Генералниот поредок води Хамилтон со 44 бода, пред Верстапен со 43. зс/