• недела, 22 декември 2024

Верстапен: Симулаторот многу помага во одржувањето на менталниот фокус

Верстапен: Симулаторот многу помага во одржувањето на менталниот фокус

Лондон, 14 октомври 2024 (МИА) - Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен зборувајќи за разликите помеѓу реалните и виртуелните трки, истакна дека возењето на симулатор му помага да ја задржи концентрацијата и со тоа да тренира внимание и смиреност, што потоа помага во трките во Формула 1.

- Брзината се чувствува само на вистинска тркачка патека. Да, секако, вие возите многу брзо и во симулаторот, но таму и да завршите во ѕид, нема да има никакви последици за вас. Само притиснете го копчето за рестарт и почнувате повторно. Ова нема да функционира во реалниот живот. На крајот на краиштата, ако доживеете несреќа, дефинитивно ќе биде потребно извесно време да го поправите автомобилот. Покрај тоа, вие самите ризикувате да се повредите. Така да, во вистински трки треба да бидете многу повнимателни. Симулаторот многу помага кога станува збор за одржување на менталниот фокус. За време на виртуелна трка, размислувате за истите работи како за време на вистински тркачки викенд. Генерално, сакам само да се натпреварувам и да се трудам да победувам на трки - затоа што се работи за тоа. Без разлика дали се работи за трки со симулатор или тркање на вистинска патека, изјави Верстапен.

Холанѓанецот е лидер во поредокот во Формула 1 шампионатот со 331 бод, пред Ландо Норис од Мекларен со 275. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан