Верстапен: Не размислувам за титулата, одиме трка по трка
- Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен призна дека не размислува за титулата оваа сезона, иако е само 25 бода зад лидерот во пласманот, Оскар Пјастри. Холанѓанецот собра 136 поени, возачот на Мекларен води со 161, пред Ландо Норис, кој триумфираше во Монте Карло за време на викендот.
Барселона, 27 мај 2025 (МИА) - Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен призна дека не размислува за титулата оваа сезона, иако е само 25 бода зад лидерот во пласманот, Оскар Пјастри. Холанѓанецот собра 136 поени, возачот на Мекларен води со 161, пред Ландо Норис, кој триумфираше во Монте Карло за време на викендот.
Верстапен изјави дека патеката во Кнежевството не им одговара на Ред Бул, и затоа беше единствениот од водечките што направи втор задолжително влегување во боксот во претпоследниот круг од 77. Тоа беше блеф кој, за жал за Верстапен, не функционираше и тој мораше да се задоволи со четвртото место, зад Норис, Шарл Леклер и Пјастри.
-Искрено, не размислувам за титулата, сега само одиме трка по трка. На некои патеки сме поконкурентни, на други мора да се справиме со сериозни проблеми. Но, во Монако од самиот почеток беше јасно дека нема да можеме да направиме ништо повеќе. Не е прв пат. Секоја година решаваме слични проблеми со нашиот автомобил. Дури во 2023 година имавме огромна предност во брзината и лесно победивме, во сите други сезони секогаш беше тесна борба, изјави Макс Верстапен по трката во Монте Карло. дс
Фото: Архива