Верстапен: Можам да победам во Кина само ако испаднат болидите пред мене
- Макс Верстапен го сподели своето прилично мрачно предвидување за неговите шанси за успех на утрешната трка за Големата награда на Кина, на која ќе стартува од четвртата позиција на гридот.

Шангај, 22 март 2025 (МИА) - Макс Верстапен го сподели своето прилично мрачно предвидување за неговите шанси за успех на утрешната трка за Големата награда на Кина, на која ќе стартува од четвртата позиција на гридот.
Четирикратниот светски шампион рече дека неговата единствена шанса за втор последователен триумф во Шангај е возачите пред него да се откажат, бидејќи тркачкото темпо на Ред Бул едноставно не е доволно добро во моментов.
Ова беше многу очигледно и на првата трка во Австралија минатата недела и на спринтот порано денес. Во двата случаи, големиот проблем на Верстапен беше прекумерното абење на предните гуми.
- Можам да победам само ако сите пред мене отпаднат. Не сме доволно брзи. Кругот беше добар, но беше тешко да се има постојан баланс во секој круг и секој свиок. Беше тешко, но работиме на тоа и се обидуваме да се подобриме. Се чувствувам удобно, самоуверен сум, но понекогаш не го добивам она што го сакам од болидот, што отежнува да бидам совршен во секој свиок. Во трките тоа води до поголема деградација на гумите, што не е идеално. Се чувствувам како да сум во најдобрата возачка форма, се чувствувам како да правам совршени кругови во квалификациите и го максимизирам нашиот потенцијал на трките. Но, кога брзината ќе исчезне, нема што повеќе да направам, изјави Верстапен. дс
Фото: Архива