• петок, 26 април 2024

Верешчук: Околу 13.000 Украинци денеска евакуирани преку хуманитарните коридори

Верешчук: Околу 13.000 Украинци денеска евакуирани преку хуманитарните коридори
Киев, 12 март 2022 (МИА) - Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на социјалните мрежи објави дека околу 13.000 Украинци денеска биле евакуирани преку хуманитарни коридори. Таа додаде дека тоа е речиси двојно повеќе евакуирани луѓе од вчера. Верешчук наведе и дека никој не успеал да го напушти опколениот град Мариупол, обвинувајќи ги за руските сили за опструкции. Москва претходно обвини дека украинските сили не им дозволуваат на граѓаните на Мариупол да го напуштат градот. ми/

Остани поврзан