Верешчук: Мариупол ќе може да се напушти само со приватни автомобили
- Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили, меѓу кои и од опколениот град Мариупол, но само со приватни авто

Kиев, 12 април 2022 (МИА) – Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили, меѓу кои и од опколениот град Мариупол, но само со приватни автомобили.
Според неа пет од деветте коридори за евакуација се од областа Луганск, за што украинските власти тврдат дека е под силно гранатирање.
- Вкупно 4.354 лица вчера беа евакуирани од украинските градови преку хуманитарните коридори, објави Верешчук на Телеграм.
Меѓу нив има 556 лица кои вчера беа евакуирани од пристанишниот град Мариупол. ми/