Венус Вилијамс доби вајлд-карта за учество на турнирот во Индијан Велс
- Американската тенисерка Венус Вилијамс доби специјална покана за учество на турнирот во Индијан Велс, пренесува прес-службата на турнирот.

Индијан Велс, 14 февруари 2024 (МИА) - Американската тенисерка Венус Вилијамс доби специјална покана за учество на турнирот во Индијан Велс, пренесува прес-службата на турнирот.
Вилијамс ќе наполни 44 години на 17 јуни.
Американката во својот последен официјален меч загуби од Белгијката Грит Минен во првото коло на УС опен - 1:6, 1:6. Натпреварот се одигра во август минатата година.
Вилијамс има само три победи на ВТА во 2023 година.
Покрај Вилијамс, вајлд-карта за Индијан Велс доби и поранешната прва светска тенисерка Каролина Вознијацки.
Турнирот во Калифорнија ќе се игра од 6 – 17 март. зс/
Фото: ЕПА