• недела, 22 декември 2024

Венс со критика до Бајден за навредите кон приврзаниците на Трамп

Венс со критика до Бајден за навредите кон приврзаниците на Трамп

Вашингтон, 30 октомври 2024 (МИА) - Републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј Ди Венс денеска го критикуваше американскиот претседател Џо Бајден, кој претходно поддржувачите на републиканецот Доналд Трамп ги нарече „ѓубре“.

Венс рече дека Бајден и демократската кандидатка и актуелна потпретседателка Камала Харис треба да се „засрамат“ од овие коментари, пренесува Њујорк пост.

„Мајка која го оплакува својот син кој почина од предозирање со фентанил не е ѓубре“, напиша Венс во одговорот што досега е прегледан повеќе од 2,4 милиони пати на интернет.

Бајден претходно ја критикуваше вулгарната реторика што ја користеше Трамп на митинг во Медисон Сквер Гарден во Њујорк. „Пред некој ден, еден говорник на митингот на Трамп го нарече Порторико лебдечки остров на ѓубре. Познавам Порториканци во мојата родна држава Делавер и тие се добри и чесни луѓе“, рече Бајден во разговор со претставниците на шпанската Американска организација за анимација на гласачите Вото Латино.

Американскиот претседател потоа додаде дека поддржувачите на Трамп се единственото ѓубре што го гледа, а демонизирањето на Латиноамериканците од страна на Трамп го оцени како „непростливо и неамериканско“. „Тоа е целосно спротивно на се што направивме и се што сме“, рече американскиот претседател.  паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан