Вение го освои мундијалското злато во супервелеслалом
- Австриската скијачка Стефани Вение го освои златниот медал на денешната трка во супервелеслалом возена на Светското првенство во алпско скијање.

Залбах, 6 февруари 2025 (МИА) - Австриската скијачка Стефани Вение го освои златниот медал на денешната трка во супервелеслалом возена на Светското првенство во алпско скијање.
Вение трката ја заврши со време 1:20,47 минути.
Второто место и сребрениот медал ги освои Федерика Брињоне од Италија која имаеш 10 стотинки заостанување.
Две натпреварувачки, Лорен Мацуга од од САД и Каиса Викоф од Норвешка се најдоа на третата позиција со време 1:20,71.
Утре на распоредот е супервелеслаломот во машка конкуренција.
Светското првенство во Залбах, Австрија се одржува од 4 до 16 февруари. зс/
Фото: ЕПА