• вторник, 19 ноември 2024

Венецуела нареди персоналот за на Обединетите нации за човекови правада ја напушти државата во рок од 72 часа

Венецуела нареди персоналот за  на Обединетите нации за човекови правада ја напушти државата во рок од 72 часа

Каракас, 15 февруари 2024 (МИА) - Владата на Венецуела побара од персоналот на Обединетите нации за човекови права (OHCHR) да ја напуштат земјата во следните три дена, нагласувајќи дека ќе ја разгледаат соработката со организацијата на ОН.

Владата на таа јужноамериканска земја соопшти дека одлучила да ги „суспендира сите активности на техничкото советодавно биро на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права и да спроведе детална ревизија на условите за техничка соработка“.

Ревизијата ќе биде направена во следните 30 дена, додаде венецуелската влада, истакнувајќи дека целиот персонал на ОН поврзан со Канцеларијата мора да ја напушти земјата во следните 72 часа . зш/

Остани поврзан