• четврток, 26 март 2026

Велика Британија: Русија редовно ги заглушува нашите воени сателити

Велика Британија: Русија редовно ги заглушува нашите воени сателити

Лондон, 3 октомври 2025 (МИА) - Русија редовно се обидува да ги заглуши сигналите на британските воени сателити, изјави генерал-мајор Пол Тедман, командант на Космичкото командување на Обединетото Кралство.

– Нашите сателити се заглушувани од Русите, изјави Тедман за Би-Би-Си, додавајќи дека „секојдневно внимателно ги следат британските вселенски ресурси“.

Обединетото Кралство располага со шест воени сателити за комуникации и набљудување, опремени со системи за заштита од заглушување. Но, заканата не се однесува само на Британија. Минатиот месец германскиот министер за одбрана Борис Писториус предупреди дека Русија следела два сателита „Интелсат“, користени од Бундесверот, со можност да ги манипулира или оневозможи.

Како одговор на растечките тензии, Велика Британија и САД минатиот месец одржаа први заеднички воени маневри со сателити во орбита, во рамки на операцијата „Олимписки заштитник“. Американски сателит извршил инспекција на британски апарат, што војската го оцени како голем чекор во развојот на соработката.

– Сега со сојузниците изведуваме авангардни операции во орбита за да ги заштитиме заедничките интереси во вселената, нагласи Тедман. ссм/

фото: архива

Остани поврзан