• недела, 22 декември 2024

Велика Британија објасни зошто се воздржала од гласањето за резолуцијата во СБ на ОН

Велика Британија објасни зошто се воздржала од гласањето за резолуцијата во СБ на ОН

Лондон, 18 октомври 2023 (МИА) – Велика Британија се воздржа од гласањето во Советот за безбедност на ОН за војната меѓу Израел и Хамас, бидејќи „треба да биде појасно“ за правата на Израел да се брани.

Советот, кој има 15 членки, гласаше за нацрт-резолуција со која ќе се осуди Хамас и секое насилство врз сите цивили, како и да се изврши притисок за хуманитарна помош за Палестинците во Газа.

САД ставија вето на резолуцијата, додека Велика Британија и Русија беа воздржани.

Објаснувајќи ја одлуката, амбасадорката на Велика Британија во ОН Барбара Вудворд рече дека „треба да биде појасно за инхерентното право на Израел на самоодбрана во согласност со Повелбата на ОН, откако во нападите на Хамас загинаа над 1.400 луѓе, а речиси 200 луѓе се заложници“.

Таа рече дека исто така се игнорирал фактот дека Хамас „користи невини палестински цивили како жив штит“. јт/

Фото: Х

Остани поврзан