• недела, 11 јануари 2026

Велика Британија и понатаму под предупредување за опасни временски услови

Велика Британија и понатаму под предупредување за опасни временски услови

Лондон, 11 јануари 2026 (МИА) – Предупредувањата за опасни временски услови остануваат во сила низ цела Велика Британија и по поминувањето на бурата „Горети“, јави ДПА. Издадени се метеоаларми за снег, мраз, ветер и дожд.

Според податоците од британската електродистрибутивна мрежа, илјадници домаќинства во Обединетото Кралство и синоќа беа без снабдување со електрична енергија.

Истовремено, државните железници предупредија на можни прекини во сообраќајот кои би можеле да траат до утре.

Метеоролошката служба ги советува граѓаните во погодените региони да се подготват за доцнења во патувањата и потенцијално опасни услови за возење. Исто така, се апелира до пешаците на претпазливост поради голомразица и ризик од повреди при падови. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан