• понеделник, 23 декември 2024

Велика Британија до 2030 година ќе ја зголеми потрошувачката за одбраната на 2,5 отсто од БДП-то

Велика Британија до 2030 година ќе ја зголеми потрошувачката за одбраната на 2,5 отсто од БДП-то

Варшава, 24 април 2024 (МИА) - Велика Британија планира до крајот на оваа деценија да ги зголеми трошоците за одбраната на 2,5 отсто од БДП-то, изјави синоќа британскиот премиер Риши Сунак.

Сунак ова го изјави во Варшава за време на посетата на британските војници стационирани во Полска, каде беше заедно со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

НАТО постави цел за земјите-членки да издвојат два отсто од БДП-то за својата одбрана. Велика Британија во моментов издвојува околу 2,3 отсто.

Според Сунак, во следните шест години во британската одбрана ќе бидат инвестирани дополнителни 75 милијарди фунти.

-Денеска е пресвртница за европската безбедност и историски момент за одбраната на Обединетото Кралство, рече британскиот премиер, кого го очекуваат општи избори најдоцна до јануари 2025 година.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан