Велика Британија го осуди нападот на Хезболах на Голанската висорамнина во кој загинаа 12 лица
- Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денеска го осуди ракетниот напад на либанската милитантна група Хезболах на Голанската висорамнина во кој загинаа најмалку 12 лица, меѓу кои и деца, истовремено изразувајќи загриженост дека нападот може да доведе до ескалација на конфликтот.

Лондон, 28 јули 2024 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денеска го осуди ракетниот напад на либанската милитантна група Хезболах на Голанската висорамнина во кој загинаа најмалку 12 лица, меѓу кои и деца, истовремено изразувајќи загриженост дека нападот може да доведе до ескалација на конфликтот.
Лами на платформата X напиша дека Лондон е загрижен за ризикот од понатамошна ескалација на конфликтот и дестабилизација на регионот, велејќи дека Хезболах е известен дека мора да ги запре нападите врз Израел.
Хезболах ја отфрли одговорноста за нападот, а Израел најави силен одговор. паг/
Фото: ЕПА