Велика Британија вети дополнителни 20 милиони фунти помош за бегалците од Судан
- Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами за време на вчерашната посета на бегалскиот камп во Чад најави дополнителни 20 милиони фунти помош за бегалците од конфликтот во Судан
Нџамена, 25 јануари 2025 (МИА) – Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами за време на вчерашната посета на бегалскиот камп во Чад најави дополнителни 20 милиони фунти помош за бегалците од конфликтот во Судан.
Тоа се дополнителни средства на претходно ветената помош од 226,5 милиони фунти за справување со хуманитарната криза во Судан.
Поради војната околу 3,6 милиони луѓе побегнаа од Судан во други земји, вклучувајќи ги Египет, Чад и Јужен Судан.
Лами во рамките на тридневната посета на регионот се сретна со претставници на Високиот комесаријат на ОН за бегалци. ми/
фото: МИА архива