Велешки средношколци од ССОУ „Димитрија Чуповски“ даруваа 20 крвни единици
- Во крводарителска акција во ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес попознато како Хемиска, денеска беа дарувани вкупно 20 крвни единици. Од нив, 11 средношколци за првпат даруваа од драгоцената течност која живот значи и така влегоа во Друштвото на хуманите.
Велес 4 ноември 2025 (МИА) - Во крводарителска акција во ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес попознато како Хемиска, денеска беа дарувани вкупно 20 крвни единици. Од нив, 11 средношколци за првпат даруваа од драгоцената течност која живот значи и така влегоа во Друштвото на хуманите.
Александра Илиевска од Општинската Организација на Црвен крст информира дека во насока на популаризирање на крводарувањето тие вчера во оваа училиште во класовите од трета и четвртта година имале едукативно предавање за процесот на крводарување, критериумите и придобивите од овој хуман чин.
Предавањето го одржал Никола Мацис млад волонтер и едукатор на Општинската Организација на Црвен крст, а целта им била да ги мотивираат младите да станат редовни крводарители.
Општинската Организација на Црвен крст и оваа акција ја реализира со своите млади волонтери, а ја изведе медицинска екипа од Институтот за трансфузуина медицина од Скопје со која раководеше д-р Кире Тодоровски.
Инаку во октомври во ДСУ РЦССОУ „Коле Неделковски“ кое е најголемото средно училиште во Велес во крводарителска акција беа собрани 42 крвни единици. Од ООЦК Велес планираат во декември да реализираат крводарителска акција и меѓу велешките гимназијалци. ад/бк/
Фото: Општинска организација на Црвен крст Велес