Велешките пожарникари интервенирале на запалена штала во Башино Село, еден од нив имал труење со чад
- ТППЕ Велес синоќа од 20:52 до 22:45 часот со две противпожарни возила и шест пожарникари интервенирала на запалена штала и на дел од покрив во Башино Село во близина на Велес. Притоа на еден од пожарникарите му се слошило и по укажаната прва помош од тимот на итна помош со нивно возило бил однесен во Општата болница - Велес.
Велес, 25 април 2025 (МИА) - ТППЕ Велес синоќа од 20:52 до 22:45 часот со две противпожарни возила и шест пожарникари интервенирала на запалена штала и на дел од покрив во Башино Село во близина на Велес. Притоа на еден од пожарникарите му се слошило и по укажаната прва помош од тимот на итна помош со нивно возило бил однесен во Општата болница - Велес.
Како што информира денеска за МИА д-р Жарко Манасков од службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом, на 41-годишниот пожарникар кој имал труење со чад, односно јаглероден моноксид веднаш му била укажана итна помош од неговите колеги од ноќната смена.
Пожарникарот потоа бил итно пренесен со нивно возило на преглед кај лекарскиот тим во Ургентниот центар на Велешката општа болница, каде му била укажана потребната здравствена помош и бил реанимиран. ад/мд/
Фото: МИА архива