Велешкиот Црвен крст го натфрли годишниот план за крводарување
- Орце Николов од ООЦК - Велес се заблагодари на хуманоста на крводарителите од Велес, Чашка и Градско и населените места во овие општини.
Велес, 25 август 2025 (МИА) - Велешкиот Црвен крст го натфрли годишниот план за крводарување, зацртан на 1.860 крвни единици. До крајот на јули имало собрано 1.881 крвна единица.
Вкупно од почетокот на годинава до денеска, собрани биле 2.279 крвни единици.
На вчерашната традиционална 33. летна акција одржана во холот на Театарот биле собрани 135 крвни единици, во акција во Чашка минатата недела биле собрани 24, а претходната недела 99 во Градско.
Орце Николов од ООЦК - Велес се заблагодари на хуманоста на крводарителите од Велес, Чашка и Градско и населените места во овие општини.
Вчерашната акција како и останатите досега, ООЦК ја изведе во соработка со екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Вчера биле собрани 135 крвни единици, а осуммина за првпат дарувале крв и станале крводарители. ад/бд/
Фото: Велешки Црвен крст