• петок, 05 декември 2025

Велешкиот фолклорен ансамбл „Керамичар“ ќе настапи  на Интернационалниот фестивал „Црноморси бисери“ во Бугарија

Велешкиот фолклорен ансамбл „Керамичар“ ќе настапи  на Интернационалниот фестивал „Црноморси бисери“ во Бугарија

Велес, 7 август 2025 (МИА) - Триесет и двајца играорци од Фолклорниот Ансамбл „Керамичар“ од Велес утрово пристигнаа во Несебар, Сончев Брег, Република  Бугарија. Тие во  наредните шест дена ќе ја претставуваат Македонија и македонскиот фолклор пред бројна меѓународна публика на Интернационален фестивал „Црноморски бисери“.

На овој фестивал, на кој што се по вторпат, годинава ќе учествуваат со кореографиите „Овчеполка“, „Сред село“ и „Поречки игри“. Ансамблот ќе настапува во автентични носии од различни региони, носејќи го духот на традицијата на сцени во Саинт Влас, Несебар и Поморие, информира за МИА, Томе Jаневски, претседател на ансамблот.

-Како и секогаш, подготвени сме секаде каде што учествуваме да се покажеме во најдобро светло и гордо да ја претставиме нашата земја и богатото културно наследство, македонските ора и песни, потенцира Јаневски.

Во текот на престојот, покрај настапите, членовите и раководниот тим на Фолклорниот Ансамбл „Керамичар“ ќе остварат и културни средби со учесници од други држави. Тоа, како што вели Јаневски, е уште една можност за размена на искуства и промоција на македонската култура во меѓународни рамки.ад/вј/

Фото: ФА „Керамичар“

Остани поврзан