• четврток, 04 декември 2025

Велешката библиотека „Гоце Делчев“ со разни работилници привлекува нови читатели, а постоечките ги мотивира уште повеќе да читаат

Велешката библиотека „Гоце Делчев“ со разни работилници привлекува нови читатели, а постоечките ги мотивира уште повеќе да читаат

Велес, 7 август 2025 (МИА)  - Во текот на целото лето, локалната библиотеката „Гоце Делчев“ од Велес организира едукативни работилници со цел да ги привлече најмладите да почнат да читаат книги, а  во таа насока во рамките на програмата на „Велешко лето 2025“ заедно со Општина Велес организираат многу промоции на книги, поетски читања и работилници.

Во тие рамки се одржа и работилница насловена „Книга во лето“ за првпат отворена на спортските терени во месноста „Дворови“ во Велес. Како што информира директорката Снежана Бошевска, овој настан имаше за цел да ги стимулира децата да читаат.

Оценува дека тие преку спортска креативна игра ја оствариле целта да мотивираат што поголем број на деца до 10 годишна возраст, освен задолжителната лектира да започнат да читаат и други видови на книги. Воедно поголемите деца преку спорт и креативна игра во рамките на оваа работилница ги мотивирале да продолжат уште повеќе да читаат книги.

-Иако летото е време за одмор, прошетки и забава, не треба да ги заборавиме и книгите. Децата беа дел од креативната работилница во која цртаа, боеја, другаруваа и се забавуваа во името на книгата и читањето. На крај им беа поставени прашања поврзани за лектирите кои ги читаат, а за дадени точни одговори беа наградени со книги, информира Бошевска. 

Освен редовното споделување на најновите наслови на книги коишто ги набавува институцијата и преку својата Фејзбук страница ги информира читателите, локалната библиотека „Гоце Делчев“ воведе можност и читателите меѓусебно да си предлагаат книги што вреди да се прочитаат, како и наградни игри со коишто ги привлекува читателите.

Бошевска потенцира дека велешани од сите возрасти читаат книги и секогаш ги следат новините, за тоа кои се најновите светски бетселери на книги и ги бараат. Библиотеката, пак, континуирано набавува најнови светски наслови, а застапени се и домашните автори со нивните најнови изданија.ад/вј/

Фото: Библиотека „Гоце Делчев“

Остани поврзан