• петок, 22 ноември 2024

Велешанец пријавен под сомнеж за криумчарење мигранти

Велешанец пријавен под сомнеж за криумчарење мигранти

Скопје, 1 октомври 2023 ( МИА) -   Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 20 - ти минатиот  месец, на регионалниот пат Старо Нагоричане - Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „ман’’, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека превезува 44 илегални мигранти, соопштија од МВР. љм/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан