• сабота, 06 декември 2025

Велес ќе биде дел од хуманитарната трка „Сите за Кочани, трчаме заедно“

Велес ќе биде дел од хуманитарната трка „Сите за Кочани, трчаме заедно“

Велес, 24 мај 2025 (МИА) - Велес ќе биде дел од утрешната хуманитарна трка „Сите за Кочани, трчаме заедно“, што ќе се реализира во седум града низ државава.

Славчо Коцев од Еврпската куќа на млади во Велес за МИА рече дека досега на трката во овој град, преку интернет се пријавиле околу 200 учесници. Но, заинтересираните сè уште можеле да се пријават и да ја покажат нивната хуманост.

- Имате можност да покажете хуманост донирајќи на Црвениот крст, сите приходи ќе бидат наменети за поддршка на жртвите од Кочани, потенцираше Коцев.

Трката во Велес ќе почне во 10 часот од Градскиот парк. Предвидено е доделување медали за најбрзите учесници. ад/бд/

Фото: „Европска куќа“ - Скопје

Остани поврзан