• недела, 22 декември 2024

Вдовицата на Алексеј Навални потврди дека морала да ангажира телохранител

Вдовицата на Алексеј Навални потврди дека морала да ангажира телохранител

Лондон, 17 април 2024 (МИА) – Јулија Навалнаја, вдовицата на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој почина во затворот Поларен волк на крајниот север на Русија во февруари годинава, денеска изјави дека по нападот на соработникот на нејзиниот покоен сопруг, решила да ангажира телохранител.

Таа во интервју за денешното издание на магазинот „Тајм“ нагласи дека нападот на блискиот соработник на Алексеј Навални, Леонид Волков, ја натерал да го зголеми нивото на лична безбедност.

- Размислувавме за некои нови безбедносни протоколи. Да бидам искрена, не сакам многу да одам наоколу со телохранител. Јас и Алексеј никогаш не сме имале обезбедување и мислам дека наследив дел од неговата храброст. Меѓутоа, многу храброст може да доведе до погрешен потег. Затоа моите колеги ме замолија да ангажирам телохранител, рече Навалнаја. јт/

Остани поврзан