• недела, 22 декември 2024

Ваучери за одмор за 1.777 лица со ниски примања

Ваучери за одмор за 1.777 лица со ниски примања

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - Министерството за економија и труд денеска додели ваучери за одмор на работници со ниски примања. Доделени се 1.777 ваучери кои ќе може да се искористат од 15 септември до 1 декември во некои од туристичките капацитети во земјава.  

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, кој ги врачи ваучерите, рече дека тие се доделени на граѓани кои ги исполниле условите и дека ваучерите се во висина од 18.000 денари. 

- Решенијата за граѓаните кои аплицирале и ги исполниле условите согласно јавниот повик, се потпишани, согласно принципот „прв дојден, прв услужен“. Ваучери за одмор за работници со ниски приходи во домашните туристички капацитети во вредност од 18.000 денари ќе добијат 1.777 лица, посочи Дурмиши.

Има доволно резерви на пченица, нема неконтролиран извоз, ниту камиони полни со македонска пченица се извезуваат во Косово. Министерството за економија ги демантира сите наводи во некои од ме

Министерството за економија и труд ќе издава ваучерите согласно Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година. За оваа намена во Ребалансот на буџетот предвидени се 32 милиони денари.

Главната цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да можат да ги посетат домашните туристички центри и истовремено да им се помогне на домашните туристички капацитети да го зголемат обемот на работа надвор од туристичката сезона.

Списокот на хотели и лица кои добија ваупчери може да се најде на веб-страницата на Mинистерството за економија. бак/

Фото: МИА

 

Остани поврзан