Ватикан: Папата Франциск имаше уште една мирна ноќ
- Папата Франциск помина уште една ноќ во болница без никакви нови компликации, соопшти денеска Ватикан.

Рим, 8 март 2025 (МИА) – Папата Франциск помина уште една ноќ во болница без никакви нови компликации, соопшти денеска Ватикан.
- Ноќта беше мирна, папата се одмара, се вели во кусото соопштение. Не се откриени повеќе детали за здравјето на 88-годишниот поглавар на Католичката црква.
Вечерва се очекува да биде објавен нов медицински билтен.
Папата повеќе од три недели е на лекување во болницата Гемели во Рим. Тој боледува од тешка пневмонија.
Ватикан синоќа за прв пат не објави дневен билтен за здравјето на папата. Сепак, извори блиски до Франциск рекле дека неговата состојба останала стабилна во текот на денот, пренесе ДПА. јт/
Фото: МИА архива