• недела, 23 февруари 2025

Васко Дрвошанов го фати го фати светиот крст во Струмица

Васко Дрвошанов го фати го фати светиот крст во Струмица

Срумица, 19 јануари 2025 (МИА) - Васко Дрвошанов денеска го фати положениот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица. Во водата скокнаа дваесетина граѓани, а најбрз беше Дрвошанов.

-Посакувам здравје и среќа на сите. Досега повеќе сум скокал по крстот во селото Куклиш, а во Струмица втор пат и успеав да го фатам денеска, рече Дрвошанов.

Тој од Општина Струмица доби Плакета-православен крст и подароци од спонзорите.

Со свечена Богојавленска литургија, празникот Водици беше одбележан во сите храмови на Струмичката епархија, а положување на крстот беше изршено и во другите општини и населени места во Југоисточниот регион

Инаку, во Радовиш крстот го фати Миле Аврамов, во Дојран Мите Пејков, а во Валандово Петар Занов. рт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан