Василев нов голман на Работнички
- Членот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Васко Василев потпиша за Работнички.
Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) – Членот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Васко Василев потпиша за Работнички.
Младиот голман се обврза на тригодишна соработка со прволигашот од „Дебар Маало“.
Василев потекнува од фудбалската школа на Вардар, беше дел од младинските тимови на Црвена ѕвезда, бранеше и за Б-тимот на Рио Аве од Португалија.
Сезоната 2024/25 Василев ја помина во редовите на Гостивар.
Неодамна Василев доби повик од селекторот на младата репрезентација на Македонија, Горан Станиќ. зс/
Фото: ФК Работнички