• понеделник, 23 декември 2024

Васер: Ферари ќе го ажурира болидот на секоја трка до крајот на сезоната

Васер: Ферари ќе го ажурира болидот на секоја трка до крајот на сезоната

Монте Карло, 27 мај 2023 (МИА) – Извршниот директор на Ферари, Фредерик Васер, зборуваше за стратегијата за надградба на болидот, која неговиот тим ќе ја следи во текот на сезоната.

 

- Немаше да носиме ажурирања во Монако бидејќи е тешко. Во Монако за време на викендот секогаш сакате да се фокусирате многу повеќе на тјунинг и пилотирање. Но, сепак ги донесовме тие новитети што требаше да одат на патеката во Имола. Ќе направиме уште еден чекор напред во Барселона следната недела. Не планираме да носиме голем пакет ажурирања на секои пет трки - ќе носиме мали нови предмети на секоја трка. Така по Барселона ќе имаме мало ажурирање во Монтреал и уште по едно во Велика Британија и Австрија. Планираме да го ажурираме болидот за секоја трка пред крајот на сезоната, изјави Васер за „Autosport“.

 

По пет етапи во сезоната во Формула 1, Ферари е четврти во шампионатот на конструктори со 78 бодови. Лидер е Ред Бул со 224 бода.

 

Квалификациите за Големата награда на Монако ќе се одржат на денес, од 16 часот, главната трка е утре од 15 часот. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан