• четврток, 15 август 2024

Вардар убедливо го совлада Тиквеш на Струшкиот ракометен турнир

Вардар убедливо го совлада Тиквеш на Струшкиот ракометен турнир

Струга, 15 август 2024 (МИА) - Минатогодишниот освојувач на Струшкиот ракометен турнир, екипата на Вардар со убедлива победа против Тиквеш 34:27 (15:11) стартуваше синоќа, на првиот ден од Меѓународниот ракометен турнир во Струга.

Најавувајќи одбрана на титулата македонскиот вицешампион од самиот старт го оджруваше водството, зголемувајќи ја предноста и на полувреме отиде со водство од четири голови.

Во второто полувреме Тиквеш се доближи на негатива од два гола, 24:22, но вардарци со серија од 4:0 го решија натпреварот десетина минути пред крајот.

Најдобар стрелец кај Вардар беше македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски со шест гола, а кај поразениот тим на Тиквеш најефикасен беше Мартин Манасков со исто толку погодоци.

Денеска ќе се соочат екипите на Струга со грчки ПАОК, по што следува натпреварот меѓу Тиквеш и Екскилстуна Гуиф. сс/зс/

Фото: Турнир Струга 2024

Остани поврзан