• петок, 29 март 2024

Вардар петтопласиран во регионалната боксерска лига

Вардар петтопласиран во регионалната боксерска лига

Марибор, 19 март 2023 (МИА) - Боксерскиот клуб Вардар од Скопје е петтопласиран во Регионалната лига по петтото коло што овој викенд се одржа во салата „Врбанска“ во Марибор.

На табелата води Нови Пазар со 160 бодови, пред Славија (133), Лозница (132), Сомбор (131), Вардар (72), Раднички (71), Марибор (63), Никшиќ (54), Железничар (29), Свети Донат (0).

До крајот на регуларниот дел од сезоната 2022/23 преостануваат три кола кои ќе се одржат во Скопје, Сомбор и Нови Пазар.

 

Потоа ќе уследи жрепка за организација на плејофот во кој за титулата во Регионалната боксерска лига ќе се борат четирите најдобро пласирани екипи.

Прв шампион на обединетата регионална боксерска екс – Ју лига е тимот на белградска Црвена ѕвезда која во големото финале во Скопје ја совлада Лозница. ег/ир/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан