• четврток, 27 јуни 2024

Вардар испадна од Првата лига

Вардар испадна од Првата лига
Скопје, 9 мај 2021 (МИА) – Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Првата лига, откако попладнево загуби на гостувањето кај Струга во претпоследното коло од сезоната 2020/21 Во струмичкото дерби бодовите ги освои тимот на Академија Пандев, додека во Ѓорче Петров, Македонија ЃП загуби важен меч кој може да ги чини пласман во евро-куповите. Резултати на натпреварите од 32. коло во ПМФЛ играни попладнево: Беласица – Академија Пандев 0:2 Борец – Ренова 2:0 Македонија ЃП – Шкендија 3:4 Работнички – Силекс 3:1 Шкупи – Пелистер 0:0 Струга Трим Лум – Вардар 1:0. Табела: Шкендија 74 бода, Шкупи 58, Струга Трим Лум 54, Македонија ЃП 52, Работнички 47, Пелистер 42, Борец 40, Академија Пандев 38, Силекс 36, Ренова 35, Вардар 31, Беласица 17. зс/

Остани поврзан