• петок, 03 мај 2024

Варан ги договори условите со Манчестер јунајтед, останува Реал да даде согласност за трансферот

Варан ги договори условите со Манчестер јунајтед, останува Реал да даде согласност за трансферот
Мадрид, 3 јули 2021 (МИА) - Францускиот дефанзивец на Реал Мадрид, Рафаел Варан, може да ја продолжи кариерата во Премиер лигата. За играчот е активно заинтересиран  Манчестер јунајтед. Според „АС“, Британците водат дијалог со клубот од Мадрид, но официјална понуда сè уште не е примена. Варан веќе ги договори условите на договорот со англискиот клуб. Ако биде реализиран трансферот, тој ќе добие 12 милиони евра годишно за 5-годишна соработка. Реал Мадрид претходно му понуди на Варан 4-годишен договор со плата од 7 милиони евра. Варан се пресели во клубот од Мадрид во 2011 година од францускиот Ленс. За тоа време, како дел од Шпанците, стана четирикратен освојувач на Лигата на шампионите, трипати го освои шпанскиот шампионат, како и Суперкупот на земјата. Минатата сезона Варан одигра 31 натпревар на теренот, на кои постигна два гола. Порталот Трансфермаркт ја проценува цената на Варан на 70 милиони евра. зс/

Остани поврзан